Јаболкова киселина: Ги чисти синусите и го подобрува варењето

од desk2

 

Јаболковата киселина се смета како лек за многу болести. Конзумација на лажица до две на ден може да помогне во борбата со многу болести. Но важно е киселината да биде органска. Еве кои се здравствените придобивки од јаболковата киселина:

Ги ублажува грчевите во стомакот и помага при дијареа – Измешајте лажица до две киселина во чаша вода или природен сок за најдобри резултати.

Го подобрува варењето на храната – Едноставно измешајте лажица мед и лажица киселина во чаша вода и испијте ја половина час пред јадењето кои ви создава потешкотии со варењето.

Смирува ноќни грчеви во нозете – Измешајте лажица киселина и мед во чаша вода и испијте ја пред спиење за да ги опушти мускулите.

Ги отвара синусите – Носот ви е запушен од алергија или настинка? Ќе ви помогне лажица киселина во чаша вода.

Дава енергија – Аминокиселините кои ги содржи го оневозможуваат собирањето на млечна киселина во мускулите после вежбање или други интензивни физички активности. Освен тоа јаболковата киселина содржи многу електролити кои го ублажуваат чувството на замор. Лажица киселина во ладна вода има енергетско дејство, но за разлика од купените енергетски производи нема додаден шеќер и вештачки бои.

Слични содржини