Јанушев не се соочи со Реџепи: Ако повторно е киднапиран, да пријавиме во полиција

од Nikola Popovski

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во денешната дебатна емисија „Само вистина“ не дочека да има телевизиски дуел со пратеникот Кастриот Реџепи, кој го откажал гостувањето, поради здравствени причини. Според Јанушев, „Реџепи не дошол затоа што сака да избегне соочување со вистината“.

-Нели насловот на емисијата е „Само вистина“. Можеби Заев е негов нов матичен лекар, па отишол на преглед. Ако вечерва повторно е киднапиран, треба да пријавиме во полицијата. Според неофицијалните информации кои кружат во јавноста, неговото исчезнување на денот на седницата е пријавено околу 12,1 часот од член на неговото семејство, каде што е наведено дека исчезнал претходната вечер околу 23 часот и истото е пријавено во ПС Бит Пазар, вели Јанушев во емисијата.

Тој додаде дека „според чаршиските муабети, Реџепи се пријавил во ПС Беко, пречекан од командирот на полицијата“.

-Во целиот период, полицијата не постапуваше. Не е пробано да се комунуцира со него, ниту е отидено кај него дома, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини