Јогурт уштипци: Воздушесто тесто за вкусен доручек (Видео)

од desk2

Кога еднаш ќе ги пробате секогаш ќе ги правите…

СОСТОЈКИ:
550 гр брашно
1 јајце
10 гр свеж квасец
200 мл јогурт на собна температура
100 мл млако млеко
50 мл масло
1 лажичка сенф
2 лажички сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Растопете квасец во млеко. Додајте јајце, масло, сол, шеќер, јогурт и брашно и замесете тесто.
Оставете го тестото на собна температура додека не се дуплира. Тестото не треба да биде меко.
Развлечете го тестото на работна површина, па со чаша вадете уштипци. Покријте ги со крпа и оставете ги покриени 5-6 минути.
Загрејте масло во тава па пржете ги уштипците додека не добијат златна боја.
Добар апетит!

Слични содржини