Каде се губи идентитетот ако се стави дека Бугарите се малцинство во нашата држава, праша Петровска

од Nikola Popovski

Не гледам ниту една разумна зошто уставните измени да не се случат, сите тези, кои опозицијата се обидува да ги наметне како вистинити, се неточни, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска во емисијата „Клик плус“.

-Каде се губи идентитетот, ако се стави дека Бугарите се малцинство во нашата држава, напротив сега е моментот да кажеме дека Бугарите се малцинство, укажа министерката.

Според неа, со тоа се прави дистинкција меѓу Македонците и Бугарите се побива тезата е дека македонскиот народ не е еден народ туку е подлелен во две држави.

-Не се губи идентитетот со уставните измени. Ако ова не го дефинираме вака, тогаш може да биде во прашање нашиот идентитет, нагласи Петровска и ги повика пратениците на опозицијата да ги поддржат уставните измени.

Истакна дека нашата држава се вбројува меѓу првите пет земји од НАТО Алијансата кои според сите параметри и по глава на жител донирале воена опрема за Украина.

-Или некаде околу 16% од буџетот за тековната изнесува вкупната сума на донирани средства што е навистина голема бројка, рече Петровска.

Министерката исто така информира дека не постои реална закана по безбедноста во  Македонија. Според неа, институциите успешно си ја работат својата работа и оти закани по безедноста нема.

-Апсолутно проценките, анализите и информациите со кои располагаме велат дека до овој момент не постои реална закана за безбедноста во Македонија, нагласи министерката за одбрана.

Во врска со случајот за наводно сексуално вознемирување во Армијата што денеска од собраниската говорница го актуелизира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, таа кажа дека за таков случај досега не била информирана.

Слични содржини