Кадиров правеше склекови во емисија на руска телевизија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров правеше склекови за време на гостувањето на руска телевизија, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Видеото на Твитер го сподели американската новинарка Џулија Дејвис, која ги следи руските медиуми за да ја доближи пропагандата на медиумите од Русија до западната публика.

„Во меѓувреме во Русија, Рамзан Кадиров реши да ги импресионира сите обидувајќи се да направи неколку склекови“, напиша Дејвис покрај видеото.

Во студиото беше и придружбата на Кадиров, која со аплауз ги поздрави неговите склекови.

Инаку, Кадиров е силен поддржувач на руската инвазија на Украина. Тој дури на почетокот на октомври изјави дека ќе ги испрати тројцата негови малолетни синови во војна, а не долго потоа објави видео на кое синовите му носат „подарок“ – тројца украински затвореници.

Слични содржини