Кога сезоните се менуваат, на прво место по важност доаѓа подебелата облека.625f87db9a4572d60332fc3160173995

Топлината која таа ја обезбедува, тешко дека може да се замени и застанува како приоритет за целокупниот изглед.

Милитари јакната е од овие компоненти во женската гардероба, кој благо речено задолжително треба да присуствува.

Стилските парчиња овозможуваат комбинирање со облека која одговара на секоја пригода и индивидуални преференции.

Време е да вратиме еден од вечните класици која владее со подиумот неколку години и да се инспирираме како да го носиме.

Ви претставуваме неколку комбинации со војничка јакна, кои може да се применуваат буквално веднаш.

1. Женственост

Ако сакате да фокусирате на женственото чувство и да го задржите летниот боемски дух за уште малку во својот изглед, комбинирајте милитари јакна со бел чипкан топ. Долниот дел е резервиран за слободните boyfriend фармерки, а убава идеја е да ги оставите ракавите на блузата да излегуваат од оние на јакната. На овој начин вешто ќе ја вметнете романтиката во есен.

2. Бела кошула

Друга класика е задолжителната бела кошула. Разиграјте ја малку нејзината строгост и  позанимавајте се со ракавите. Можете да ги извлечете и да ги намотате ракавите и на  јакната. Ова е свежа идеја за кршење на строгиот канцелариски изглед, барем додека не морате.

3. Здолниште со принт

Повод за восхит е способноста на некои дами да ги комбинираат вешто елегантниот изглед и компонентите од секојдневниот живот. Сличен пример е здолниште со принт и чист топ, кои го добиваат својот завршен изглед со врзана војничка јакна на половината.

4. Тексас

Бидејќи паѓањето на температурите бара сè почесто носење панталони, спокојно може да го користите овој факт и да додадете милитари јакна. Обложете се на тесниот “слим“ модел со должина 7/8 и висок струк.

5. Боја

Секогаш е добро да вметнете светли бои, особено во моментите во кои надоаѓаат студените сезони. Тоа е убав начин истовремено да го привлечете вниманието врз себе и да се донесе топлина барем во изгледот. Препорачуваме да користите јако црвено, а за да биде целосно завршен изгледот, врз милитари јакната ставете појас кој ќе ги нагласи женствените облини на крстот.

Слични содржини