Како да се ослободите од вишокот предмети во домот

од desk4

Наместо да дозволите вишокот предмети да ви се натрупуваат и создавате „ѓубре“ во домот , треба да ја преземете контролата во свои раце и да го организирате просторот така што во секој миг ќе изгледа средено. Еве неколку идеи за подобра организација во домот

Кујна
– Искористете ги ѕидовите во кујната и сите големи тави, тенџериња, кои вообичаено завземаат премногу место во плакрите, закачете ги на ѕид, над шпоретот или работната плоча. Така ќе добиете повеќе простор во кујнските елементи.
– Средете ги зачините. Генерално зачините имаат рок на употреба 4 години, така што сите постари од ова, исфрлете ги. Останатите сместете ги на едно место, подредете ги на импровизирани полици во висечките елементи или на посебни полици.

Бања
– Исфрлете ги производите на кои им изминал рокот. На секои три месеци проверете ги препаратите кои „љубоморн“ ги чувате по фиоките и елементите, а кои само ви заземаат место.
– Просторот под мијалникот ако немате ништо, затворете го со плакар во кој ќе ги сместите сите потребни хемикалии или пак крпи, пешкири….

Спална соба
– Просторот под креветот ако нема посебна фиока или дел за складирање, направете го сами со купување соодветни кутии за складирање.

Дневна соба

– Исчисете ја масичката која најчесто е местото на кое се складираат списанија, книги, свеќи
– Добар проток на енергија – не е важно каде ќе го ставите, туку каков мебел ќе купите. Експертите велат дека најдобро е да инвестирате во кружна масичка и да изберете детали кои ќе го надополнат просторот.
– Не претерувајте со украсни перници и секогаш бирајте по три парчиња, комплементарни со бои и големина. Еден треба да е еднобоен, за кревети или пет за големи троседи од кои 2 еднобојни и 3 со дезен.

Слични содржини