Калиопи се огласи откако жена починала на нејзин концерт

од Stefanija Kuzmanovska

Македонската пејачка Калиопи (56) се огласи откако една жена од публиката починала на нејзиниот концерт синоќа во салата МТС во Белград.

„Ова е најтажниот ден во мојата кариера. Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, загубивме живот. Во мое име и во име на целиот мој тим, изразуваме длабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и за сите нас многу тажен настан. Се надевам дека мојата публика ќе го разбере одложувањето на вечерашниот концерт. Новиот датум ќе биде објавен наскоро“, напиша пејачката под црна фотографија на својот Инстаграм профил.

70-годишната дама на концертот пристигнала во придружба на ќерката и пријателите, а во еден момент ѝ се слошило и набрзо изгубила свест. Веднаш била повикана брза помош, но и по еден час реанимација не успеале да ја спасат.

Слични содржини