Катица Јанева го тужи Боки 13 за неовластено снимање

од Берта Китинска

На денешното рочиште на „Рекет“ во Кривичниот суд во Скопје не беше прифатен предлогот на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, во дополнение на доказната постапка како сведок да биде сослушан Горан Николовски, поранешен директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање.

– Ако Горан Николовски не е битен да биде сослушан во овој предмет тогаш не знам кој сведок е битен да биде сослушан,ијави  адвокатот Сашо Дуковски.

Воедно судот одби и дел од доказите доставени од страна на обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како докази извод од сметката на Константин Делкиџаков (татко на Јанева) и приватна тужба од Катица Јанева кон Бојан Јовановски-Боки 13.

– Приватната кривична тужба е поднесена на 13 март 2020, заради неовластено снимање. Досега судот уште нема преземени дејства, рече Ирена Фрчковска, бранител на Јанева.

Следното рочиште е закажено за 7 мај, кога обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 ќе треба да ја даде својата одбрана.

Слични содржини