Ќе се испита случајот со починатата млада пациентка, од ГАК демантира за направена грешка

од Берта Китинска

Случајoто со 33-годишната пациентка која на Клиниката за абдоминална хориргија починала поради комплицинарана операција, откако била препратена од Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), ја вознемири јавноста.

Семејството на починатата обвинува таа го загубила животот како резултат на лекарска грешка, додека од ГАК објаснуваат дека пациентката имала комплицирана здравствена состојба со многу болести.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе биде спроведен надзор од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а доколку има потреба ќе се спроведе и стручен надзор.

„Ќе иницираме соодветен надзор преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а доколку е потребно, и стручен надзор“,рече Филипче..

Од семејството на почината велат дека по операцијата на Гинекологија, каде што ѝ бил отстранет миом на матка, нејзината ситуација се влошила по што ја префрлиле на Клиниката за абдоминална хирургија.

Операцијата на ГАК  ја водела директорката на оваа установа, д-р Викторија Јовановска, која појаснува дека не станува збор за родилка, туку за пациентка која била оперирана.

Од ГАК преку велат дека пациентката е лекувана по сите протоколи.

-Во врска со веста за смртта на пациентката Н.К. родена 1987 година од Скопје, ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје преку пишано соопштение ја информира јавноста за овој случај и воедно укажува дека Комисијата за контрола на квалитет при клиниката по разгледување на документацијата од приемот до исписот  заклучила дека пациентката е лекувана и третирана по сите протоколи, под висок стручен надзор. Од Клиниката за гинекологија и акушерство во соопштение до јавноста појаснуваат дека не се работи за родилка, туку за пациентка која е оперативно третирана. Пациентката, според соопштението од ГАК, починала утрово на КАРИЛ.

– Не станува збор за родилка, туку за пациентка со гинеколошки проблеми поради кои беше оперативно третирана на нашата клиника. Пациентката е примена на ГАК на 21.4.2021 година со голем тумор на матката и е извршена операција на 22.4., со уреден оперативен тек. Во првите шест дена пациентката е стабилна и е на исхрана преку уста. Шестиот постоперативен ден, поради нагло влошување на состојбата (силна болка), пациентката повторно е подложена на оперативен зафат во присуство на абдоминален хирург заради утврдување на причините за влошување на состојбата. Интраоперативно е најдена спонтана руптура на тенко црево (најверојатно како резултат на претходните болести), наведуваат од ГАК.

Во договор со абдоминален хирург, потоа се посочува, пациентката е префрлена на Клиниката за дигестивна хирургија.

– На 11-от ден, постоперативно, на Дигестивна хирургија, настанува повторна компликација со цревата најверојатно поради претходните болести и пациентката е повторно оперирана. Постооперативно пациентката е во стабилна состојба и хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија. Утрото на 9.5.2021 година, под сомнение за белодробна тромбоемболија, пациентката итно е префрлена на КАРИЛ, каде починала по многу кратко време. Напоменуваме дека пациентката беше со коморбидитети и претходни оперативни зафати (пред пет години е отстранета слезинка и лимфни јазли), стои во соопштението.

Слични содржини