Кинескиот претседател до Орбан: „Ние ве сметаме за пријател“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Ние ве сметаме за пријател. Активно ја поддржавте заедничката изградба на ‘Појас и пат’ и придонесовте за подобрување на квалитетниот развој на соработката“, му рекол Си на Орбан, пренесува „Ксинхуа“.

Си додал дека во последните години, без оглед на промената на меѓународната ситуација, кинеско-унгарските односи се на високо ниво.

Тој навел дека Кина е подготвена да го подигне сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Унгарија на ново, уште повисоко ниво.

„Унгарија уште од самиот почеток силно ја поддржува иницијативата ‘Појас и пат’ и верува дека оваа иницијатива може да донесе промени во светот и да им користи на повеќе луѓе“, рече Орбан.

Слични содржини