Кирацовски: Денес јасно се потврди дека никогаш не сум учествувал на никакви состаноци поврзани со случајот „Меѓународен сојуз”

од Nikola Popovski

„Денес стигна уште една потврда која им зададе удар на оние кои од, сега веќе јасни побуди за јавноста, го мешаа моето има и ми штетеа на честа и угледот. Јасна потврда од сведоштвото на извесен бизнисмен, г-дин Лога, дека никогаш не сум учествувал на никакви состаноци за поврзани со судењето за случајот Меѓународен сојуз“, се огласи поранешниот пратеник и генерален секратар на СДСМ, Александар Кирацовски по денешните сведоштва на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“.

Според него, вистината, иако можеби задоцнето, секојдневно излегува на површина и ги демантира сите лаги и сомнежи.

„Чесноста, искреноста и директниот пристап се основата на мојот карактер, а тоа со ништо не може да се промени!“, стои во неговиот статус на Фејсбук.

На денешното сведочење Лога спомена двајца поранешни функционери од власта, обвинетата Фросина Ременски, за која рече дека често присуствувала на состаноците и експратеникот Александар Кирацовски кој, пак, не бил на средбите.

Слични содржини