Кличко: Во руските напади врз Киев загинаа четири лица, а 35 се повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека четири лица загинале, а најмалку 35 се повредени како последица на руските ракетни напади врз главниот град на Украина.

Тој на социјалните мрежи објави дека четири лица се убиени во напад на 18-катна станбена зграда во киевскиот кварт Голосиев.

Кличко додаде дека во вториот напад се повредени 35 лица, 32 во Голошеево и три во областа Дњепар.

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко соопшти дека денеска Русија извршила интензивен ракетен напад врз главниот град Киев, како и врз регионите Николаев, Харков, Дњепропетровск и Лавов.

Слични содржини