Клиничкиот центар во Сараево: Во БиХ нема коронавирус, но сигурно ќе се појави

од Nikola Popovski

Сè уште нема официјално прв случај на коронавирус во Босна и Херцеговина, но како што шефот на Клиниката за инфективни болести при Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), Русмир Баjиќ, вели: „не е прашање дали вирусот ќе дојде во БиХ бидејќи тој сигурно ќе се појави“.

Баjиќ го изјави ова на вонредната прес-конференција во Сараево, која беше свикана по зголемувањето на гласините за ширење на вирусот Ковид-19 во Босна и Херцеговина, поткрепени со информации за првиот регистриран случај во соседна Хрватска.

“Информациите за паника се шират дека има заразени. Точно е дека тројца Кинези се донесени во КЦУС. Тоа се туристи кои пристигнале во Босна и Херцеговина со симптоми на настинка”, рече генералниот директор на КЦУС Себија Изетбеговиќ, јавуваат од Ал Џезира.

Се додава дека тројцата кинески државјани не потекнуваат од регионот засегнати од вирусот.

 

Слични содржини