Клубовите од Премиер лигата потрошија речиси 2 милијарди фунти ова лето, рекорди за Челси и Нотингем Форест

од Vladimir Zorba

Клубовите од Премиер лигата поставија нов трансфер рекорд во штотуку затворениот летен прозорец. Според Би-Би-Си, најдобрите 20 клубови потрошиле вкупно 1,9 милијарди фунти на нови играчи, што значително го подобри претходниот рекорд од 1,4 милијарди фунти поставен во 2017 година.

Девет од 20-те клубови ја поминаа границата од 100 милиони фунти. Уште поимпресивно, тимовите од Премиер лигата потрошија повеќе од оние во Ла Лига, Серија А и Бундеслигата заедно.

Најскапо купување е крилниот напаѓач Ентони, за кого Манчестер Јунајтед ќе потроши 82 милиони фунти.

Челси инвестираше повеќе од кој било друг клуб и постави апсолутен рекорд во историјата на Премиер лигата. Лондончани сигурно ја поминаа границата од 250 милиони фунти, а „Лондон Ивнинг Стандард“ смета дека со сите бонуси во прашање, вкупниот износ е 273,5 милиони фунти. Сепак, новиот сопственик на Челси, Тод Боли, не успеа да го собори рекордот на Реал Мадрид од летото 2019 година, кога кралскиот клуб потроши сума еквивалентна на околу 292 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед, исто така, го надмина сопствениот рекорд, потроши вкупно 214 милиони фунти.

Вест Хем (163 милиони) и Тотенхем (152 милиони) исто така ја поминаа границата од 150 милиони фунти.

Нотингем Форест влезе во историјата како британски клуб кој привлече најмногу нови играчи во еден преоден рок. Клубот се засили со дури 21 нов играч.

Слични содржини