Клубовите се договорија за воведување на нови финансиски правила во Премиер лигата

од Vladimir Zorba

Клубовите од Премиер лигата постигнаа договор за воведување нови финансиски правила за профит и одржливост, информираат медиумите во Англија. Единствениот клуб кој гласаше против воведувањето нови правила е Манчестер Сити. Тоа доаѓа неколку дена пред официјалното гласање на владата на Обединетото кралство за таканаречениот „Нов договор за фудбалот“, кој треба да воведе нова законска рамка за фудбалот.

„На денешниот состанок на клубовите од Премиер лигата беше постигнат договор за брз развој и имплементација на нов финансиски систем“, се вели во официјалното соопштение од раководното тело.

Новите правила се очекува да донесат поголема одржливост на локалните клубови и да и овозможат на Премиер лигата да ја задржи моменталната водечка позиција во однос на инвестициите во секој аспект од играта.

Во меѓувреме, сепак, 20-те тимови го отфрлија пакетот од 900 милиони фунти предложен од шефовите за помош на клубовите во фудбалската лига на земјата или трите пониски дивизии (Шампионат, Лига 1 и Лига 2). Премиерлигата се надеваше дека ќе ги убеди клубовите да го дадат своето одобрение за финансирањето, кое првпат беше договорено пред речиси две години, но тоа предизвика сериозни несогласувања, покренувајќи дополнителни прашања за актуелниот извршен директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс. Некои од тимовите сакаат прво да се решат нивните актуелни проблеми со финансиските правила и договори, а потоа нов договор за финансирање на пониските дивизии.

До овој момент Евертон веќе е казнет со одземање бодови, а „карамелите“ и Нотингем Форест имаат нови пријави против нив. Слична е ситуацијата и со Лестер, Челси и Њукасл, на кои наскоро може да им се закануваат санкции поради кршење на сегашниот финансиски систем.

Слични содржини