Кои маски помагаат против новите видови на корона?

од Stefanija Kuzmanovska

Деновиве, актуелната тема се новите видови на коронавирус и многу се зборува за тоа. Се поставува прашањето дали маските се ефикасни против сите нив и која е најдобриот избор? Еве што велат светските експерти.

Д-р Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и инфективни болести, пред неколку дена рече дека „носењето две маски за подобра заштита од вирусот има смисла, бидејќи повеќе слоеви се подобри од една“. Неодамна се појавија се повеќе нови видови на вирусот, па д-р Фаучи се осврна и на темата за ефикасноста на маските во ситуација кога се појавуваат нови видови.

На брифингот одржан во Белата куќа минатата недела, Фаучи беше запрашан дали маските се помалку ефикасни кај новите видови на коронавирус.

– Тие не се помалку ефикасни, напротив. Различните видови на вирусот се само уште една причина зошто секогаш треба да носите маски – одговори д-р Фаучи, пишува Nbc News.

Д-р Мерибет Секстон, доцент по инфективни болести на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори во Атланта, целосно го дели ставот на д-р Фаучи.

– Новите видови често значат дека заразените лица имаат и поголема количина на вирус во носот и устата, па затоа кога дишат, зборуваат, кашлаат или пеат, тие исфрлаат повеќе заразни честички – вели д-р Секстон, додавајќи дека тоа не е проблем „ако сите носат маски“.

Ако маските се носат правилно и во сите ситуации, тоа ќе спречи пренесување на вирусот, без оглед на кој вид и да е, тврди овој професор.

– Ако не ни беше кристално јасно пред шест месеци, сега, со ова искуство и знаење, тоа е сосема јасно – вели Камерон Волф, експерт за инфективни болести.

КОЈА МАСКА Е НАЈДОБРИОТ ИЗБОР?

„Ако носите неколку маски одеднаш, две, три или дури и повеќе, ќе добиете подобра филтрација поради повеќе слоеви ткаенина“, вели д-р Скот Сегал, анестезиолог од болницата Вејк Форест во Северна Каролина.

Сепак, додава тој, ретко кој ќе носи толку многу слоеви маски затоа што е едноставно непријатно. Затоа е клучно да изберете маска што ви е најудобна да ја носите подолго време, а која ја врши својата функција.

Сегал ги проучуваше својствата на ткаенините за маски за лице во изминатата година, уште од почетокот на пандемијата, со цел да открие која е најефикасна.

„Мојот заклучок е дека, кога ќе го земеме предвид балансот меѓу удобноста и ефикасноста, дека за луѓето е најдобра трослојната хируршка маска. За оние кои сè уште сакаат памучни маски, потребно е тие да бидат двослојни и изработени од многу квалитетен памук со густа ткаенина. Златниот стандард е сепак маската N95, но за обична индивидуа која не е здравствен работник, трислојната хируршка маска е сепак најзгодниот избор“, вели Сегал.

Д-р Леана Вен, лекар за брза помош од Балтимор, се согласува со него.

„Ако имате добра маска N95, нема да ви помогне ако луѓето околу вас не ги носат правилно нивните маски и не ги носат секогаш. Подобро сите да носат хируршки или платнени маски, но да ги носат правилно и постојано“, вели д-р Вен.

Слични содржини