Кондовски: Во Битола ќе се скија и кога нема снег

од Nikola Popovski

Во Битола ќе се скија и кога нема снег, бидејќи ски-центарот Ниже поле ќе добие современа опрема за заснежување и правење на вештачки снег, а ќе се заменат и трите ски лифтови со нови, најави на вечерашната промоција во Битола кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Битола Христо Кондовски.

Тој потенцира дека „кај него, зборот е збор, тоа што ветува, тоа го исполнува“.

-Ќе го ослободиме севкупниот општински потенцијал преку изработка на нов генерален урбанистички план како услов за економски развој и просперитет на Битола, рече Кондовски и најави изградба на подземна сообраќајница и подземна гаража во центарот на градот, модернизација и реконструкција на трите градски сообраќајни влезови во Битола и обнова на локалната индустриска сообраќајна артерија за поттикнување на локалниот индустриско-економски развој, вели Кондовски меѓу другото.

Слични содржини