Коронавирус: Кој е особено загрозен?

од Stefanija Kuzmanovska

Мажите, жените и децата подеднакво често се заразуваат со коронавирусот. Но последиците се разлкуваат во зависност од полот и возраста. Претходните заболувања, исто така, имаат одредена улога. Еве што треба да знаете, наведува „Дојче веле“.

Зошто посебно мораат да се заштитат постарите лица?

Најзагрозени и понатаму ќе бидат постарите лица, кај кои стапка на смртност од 65-годишната возраст најмногу се зголемува. На пример, во Кина стапката на смртност кај заразенте лица до 40 години е 0,2 проценти, кај оние меѓу 70 и 79 години е 8 проценти, а кај оние постари од 80 години, 14,8 проценти.

Затоа треба да се обрне внимание пред сè на заштитата на постарите лица, особено на оние кои веќе боледуваат, или боледувале, од некои други болести. Оваа ризична група треба да избегнува големи собири, концерти и слично.

Зошто мажите се позагрозени од жените?

Имунолошкиот систем на жените е поотпорен. Првенствено, тоа се должи на хормонот естроген кој ја поттикнува работата на имунолошкиот систем и се бори против предизвикувачот на болеста. Машкиот тестостерон, за разлика од него, го блокира имунолошкиот систем.

Покрај тоа, важен е и начинот на живот. Мажите обично живеат понездраво од жените. На пример, во Кина околу 52% од мажите се пушачи, додека пак, од жените ни 3 проценти не пушат. Белите дробови нарушени од пушењето се поосетливи на вирусот.

Децата и коронавирусот

Се разбира дека и децата можат да се заразат, но тие не се разболуваат и покажуваат само благи симптоми. Сè уште не е јасно зошто е тоа така.

Слични содржини