Косово му додели на поранешниот американски претседател Бил Клинтон медал на Орденот на слободата како благодарност за неговата поддршка за поранешната српска покраина, која го напушти Белград пред 20 години, објави АФП.

Оваа недела се одбележува 20-годишнината од интервенцијата на НАТО . Тогаш  претседателот Клинтон им нареди на Вооружените сили на САД да се приклучат на интервенцијата на Алијансата во 1999 година, што доведе до протерување на Србите од Косово, кои  што се бореа против етничките албански бунтовници.

  Одлуката го направи херој во Приштина, каде што тој вчера  слета да учествува на прославата на настаните. На 12 јуни пред две децении  војниците на НАТО влегоа во Косово и војната заврши.

За време на церемонијата на телевизиско емитување, со насмевка Клинтон доби медал од претседателот Хашим Тачи.

“Нема награда за наградување на вашиот придонес , највисоките почести што може да ги добиете е слободата на Косово”, му рече Тачи за Клинтон.

Поранешниот претседател на САД, пак, рече дека “секогаш ќе биде горд” на неговиот придонес.

“Случајно  бе сум претседател на САД кога ви требаше некој да застане и да каже дека нема повеќе етничко чистење, нема повеќе луѓе да бегаат од своите домови, нема повеќе убиства на невини граѓани, а имаше и друг начин”, додаде тој.

Клинтон, кој има статуа во Приштина и улица со своето име, денеска ќе одржи говор   на церемонијата на одбележување на годишнината.