Костадинов: Бесплатно во градинките во Валандово

од Nikola Popovski

Во следниот период најавено е повеќе да не се плаќа партиципацијата во детските градинки во Валандово. Градоначалникот Перо Костадинов најави дека ќе биде бесплатно.

-Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општината. Општина Валандово, целосно ќе ја покрие родителската партиципација, со средства од Буџетот на општината. Целта е, да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне #солидарноста во заедницата, информира Костадинов преку објава на социјалните мрежи.

Слични содржини