Костадинов: Однесувањето на Мицкоски покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не е излезена од режимската матрица

од Vladimir Zorba

„Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за време на целата здравствена криза покажува дека оваа партија предводена од Христијан Мицкоски воопшто не е излезена од режимската матрица“, вели на прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Додека сите се борат против коронавирусот Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат самоволие, прекршување на мерките и забраните и злоупотреба на институциите во лични и партиски интереси. Класично режимско однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри“, посочува Костадинов.

Слични содржини