Ковачев нема одговор зошто го спори славењето на 11 Oктомври

од Vladimir Zorba

По одбележувањето на 11 Октомври како ден за борба против фашизмот, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев направи обид да го оспори чествувањето на овој датум од македонската страна, откако го нарече како наша провокација, што предизвика реакции во македонската јавност.

Запрашан сепак што има спорно во одбележување на датум со кој се застанува на страната на антифашизмот, тој за ТВ 21 не даде конкретен одговор.

„Доаѓањето на власт на комунистичката диктатура не е никаков повод за чествување. Тоа во Бугарија е објавено како злосторнички режим. Од 44-та до 89-та година вие сакате да ја направите вашиот идентитет базиран на комунистичка диктатура. Тоа е ваше право што ќе правите тоа е ваш проблем. Ние сакаме да идеме напред во Европската унија заедно да си помагаме и сакаме да најдеме решенија за сегашните прашања кои се пред нас“, вели Ковачев.

Слични содржини