Ковачевски: Со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите и намалувањето на невработеноста

од Симе Стоиков

„Ние на почетокот го искачивме растот на економијата на над 3%, меѓутоа мораме да признаеме дека во државата имаше корона криза, исто како што и во целиот свет. Потоа започна енергетската криза и војната во Украина. Вие ако ги погледнете стапките на раст во ЕУ, тие сите дојдоа, германската економија влезе во рецесија, каде што ние сме поврзани со 50%.

И другите економии имаат стапки на раст кои што под 1%. Војната во Украина не е пресметана во процентите, бидејќи војната во Украина вие знаете што направи на енергетскиот пазар и во делот на инфлацијата. Но, и јас сум тука многу искрен. СДСМ и коалицијата многу напорно работеше во сите сегменти, благодарние на тоа имаме и зголемени плати и намалена невработеност од 25% на 12,8%. Што е дупло намалување,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Македонската Телевизија.

Тој се осврна на зголемувањето на минималаната плата, на социјалните додатоци на граѓаните за 300%, на платите во сите сегменти во општествовто.

„Со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи и зголемувањето на платите и пензиите и намалувањето на невработеноста, како и поддршка на индустријата која не постоеше до 2017 година. Ние прв пат ја воведовме таа ќе биде сега дуплирана. Ќе го зголемиме субвенционирањето во земјоделството и земјоделското производство. Поддршката за младите, поддршката за лицата кои прв пат влегуваат на пазарото на работна сила се со цел да ги постигнеме овие цели,“рече Ковачевски.

Тој посочи дека програмата е подготвувана од експерти, над 200 стручни луѓе од сите области.

Слични содржини