Ковачевски: За Владата и ЕСМ рестрикции на струја не се опција

од Nikola Popovski

Ова е најчесто поставувано прашање, затоа што нашата држава и регионот, но и цела Европа, се наоѓаат во глобална економска криза. Нашата земја исто така не остана на страна од оваа криза. Минатата зима успешно се справивме и немаше ниту еден ден рестрикции на струја и имавме зголемено производство на електрична енергија, вели првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, не прецизирајќи точно дали ќе дојде до рестрикции на електрична енергија во земјава оваа зима.

Според него, во Владата и ЕСМ рестрикции не се опција.

-Затоа што интензивно се подготвуваме да го зголемиме домашното производство на електрична енергија и со тоа да ги покриеме количините за регулираниот пазар, но и дополнителни количини за слободниот пазар, рече Ковачевски во емисијата „360“ на Алсат Тв.

 

Слични содржини