Ковачевски забрани набавка и консумирање морски плодови, лешници и бадеми во Владата

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва најави забрана за набавка и консумирање на морски плодови во Владата.

-Имаше соопштенија од Службата за заеднички работи дека се работи за рамковен договор, кој што се однесува и за сите ресторани на СОЗР, како и претседателот на Собранието и претседателот на државата. Доколку некој нарача, тоа ќе треба и да го плати. Со оглед на тоа дека и тоа што ќе се нарача, треба да биде платено од средствата на граѓаните доколку се работи за службени ручеци, јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење во бифеата на морска храна, како и бадеми и лешници. Ќе има забрана за нивна набавка и сите финансиски средства ќе бидат насочени за финанска помош директна на најранливите категории на граѓани со ниски примања, рече Ковачевски запрашан за тендерот на производи и услуги за 20.000 евра.

Слични содржини