Ковид-терапијата што ја користеше Трамп, ја примиле 20 пациенти на Инфективната клиника

од Nikola Popovski

Дваесет пациенти со повеќе коморбидитети и хронични болести заболени од Ковид-19 на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби примиле моноклонална „коктел терапија“ со антитела.

Терапијата стана позната откако екс претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ја примал и се излекувал со неа.

– Моноклонална „коктел терапија“ со антитела се дава кај пациенти кои имаат повеќе коморбидитети и хронични болести, во претходна консултација со специјалистите и супспецијалистите кои ги третирале пациентите од почеток на појавата на инфекцијата со Ковид-19. Вкупно се набавени се 1200 дози од лекот, а досега се искористени околу 20-тина дози, истакнуваат од Министерството, пренесува МИА.

Станува збор за најсовремен метод на терапија за пациенти заболени од Ковид-19. Терапијата е коктел од две моноклонални антитела и се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од „SARS-CoV-2,“ вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид-19.

Слични содржини