„Кралското семејство е советувано да не контактира со руската амбасада“

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот амбасадор во Велика Британија Андреј Келин денеска изјави дека британското кралско семејство било советувано да не контактира со руската амбасада во Лондон, објави рускиот весник „Известија“.

На прашањето на новинар од рускиот весник дали имало контакти со британскиот крал Чарлс Трети, Келин одговорил дека немало и дека знае дека членовите на кралското семејство биле советувани да не одржуваат или стапуваат во контакт со руската амбасада, објави „Ројтерс“.

Келин рече дека повеќето политичари на Запад станале „едендневни пеперутки“ кои не размислуваат сериозно за иднината и се опседнати со собирање залудни политички поени.

Слични содржини