Кривичен: Со распоредот исполнети се желбите на судиите

од Vladimir Zorba

Новиот распоред на Kривичниот суд бил изготвен врз основа на мислења прибавени од судиите. Некои од желбите на судиите биле уважени, а некои ќе бидат земени предвид во текот на годината, се наведува во соопштението на судот.

При составувањето на распоредот биле земени предвид и движењето на предметите, но и оптовареноста на секој судија поединечно. Судиите кои не се задоволни од распоредот имаат право на приговор до Врховниот суд, велат од Кривичен.

Новиот распоред го изготви в.д. претседателот Стојанче Рибарев. Тој повторно предизвикува незадововолство во судските кругови поради унапредувањето на одредени судии и тргањето на други кои имаат повеќедецениско работно искуство.

Според распоредот, Рибарев за свој заменик ја поставил судијката Славјанка Јанковска позната по тоа дека ги отфрли прислушуваните  разговори како доказ.

Првиот филтер за предметите на СЈО ќе бидат доскорешниот претседател Владимир Панчевски, судијките Александра Поп Стефанија и Елена Илиевска Јосифовиќ  кои се судии на претходна постапка во организиран криминал. Панчевски е дел и од кривичен совет заедно со судијката позната како „сваровски“ Лидија Петровска и Љубинка Башевска која го судеше „Пуч“.

Слични содржини