КСС на предупредувачки протест: „Членството бара генерален штрајк како СОНК“

од Nikola Popovski

Со овој предупредувачки протест повторно му даваме шанса на социјалниот дијалог. Се надевам дека ќе имаат слух. Денеска од 15:30 до 16:30 сме овде пред Собрание, а потоа одиме пред Влада да ја испратиме пораката. Решението е едноставно. Владата треба да го покачи бодот. За половина час може да го направи тоа. Доколку тоа не се случи, ова покачување на минималната плата ќе биде само за 10% од работниците, а другите ќе останат со куси ракави. Ова е пораз за работниците, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Според него, притисокот врз членството е големо.

-Дури ни замеруваа зошто му даваме шанса на овој процес. Нивното барање беше да постапиме исто како СОНК, да влеземе во еден генерален штрајк. За понатаму ќе направиме анкета меѓу нив. Ние сме први меѓу еднаквите и мораме да го почитуваме ставот на членството, рече Ралповски од пред Собранието.

Слични содржини