Леброн пред дуелот со Денвер: „Ќе биде тешка серија, мора да играме кошарка без грешки“

од Vladimir Zorba

Леброн Џејмс постигна 23 поени против Пеликанс во плеј-ин натпреварот во Њу Орлеанс. Лејкерси поминаа понатаму и закажаа дуел со Денвер, кој ќе биде реприза на минатогодишното финале на Западот.

По победата над Пеликанс, Лејкерси природно мораа малку да зборуваат за следниот ривал. Прво, лидерот на тимот Леброн Џејмс вели дека следи одмор, а потоа серија која „ќе бара многу“.

„Тие се актуелни шампиони и разбираме колку ќе биде тежок дуелот. Ќе се обидеме да им отежнеме. Ќе се одмориме малку и потоа ќе одиме да се подготвиме за таа серија, која ќе биде тешка за нас“, вели Леброн.

„Тие со години имаат многу силен домашен терен. Имаат МВП во тимот, имаат некој што ги затвора натпреварите, имаат проклето добар тренер, играчи на високо ниво. Мора да играме кошарка без грешки“, вели „Кралот“

Слични содржини