Локализиран големиот пожар над Дорчол (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Густ црн чад над Дорчол. Се запали приватен магацин со многу запалив материјал во пристаништето во Белград. Според последните информации, во пожарот нема повредени.

Од противпожарната служба за N1 изјавиле дека пожарот е под контрола. Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот е локализиран.

Се апелира до граѓаните чии станови се загрозени од чад да ги затворат прозорците или да ги напуштат зградите.

Приватниот магацин, кој главно чува хартија и картон, се запали нешто пред 6 часот.

Тоа е магацин кој се простира на повеќе од 400 квадратни метри, на три ката, во кој се чува многу запалив материјал.

Црн чад се појави над Дорчол околу 6 часот и може да се види од поголема далечина.

Фото: N1

Слични содржини