Малком Екс и понатаму погрешно го разбираат и злоупотребуваат

од Stefanija Kuzmanovska

И 55 години по убиството на Малком Екс во салата Аудубон во Њујорк, се уште слушаме многу погрешни работи за него, пишува „Алџезира Балканс“.

Совршен херој и насилен двојник

Мартин е совршен херој за проповедање на ненасилство и љубов, а Малком е совршен негативец кој послужил како негов насилен двојник, проповедајќи омраза и милитантност.

Резултатот не е само неискрено читање на историјата, туку дихотомија која дозволува Кинг да биде претставен на начин на кој на нас ќе ни биде поудобно, а Малком Екс да биде демонизиран како демагог од кој сите мораме да бегаме.

Малком никогаш не бил насилен, ниту како член на нацијата на исламот, ниту како муслиман. Но, тој сметаше дека е лицемерно да се бара од Афроамериканците во САД да се посветат на ненасилство кога врз нив постојано се изврши државно насилство. Тој веруваше дека Афроамериканците во САД имаат право да се бранат и сметаше дека САД се недоследни во одобрувањето на одбрана на слободата за секој, освен за нив.

Малком знаел дека неговото инсистирање на овој принцип ќе доведе до негово понатамошно демонизирање и дека тоа на крајот ќе биде добро за движењето на Кинг, што било и негова цел. Неколку недели пред атентатот, тој отишол во Селма за да го поддржи Кинг и подготвено ја прифатил својата улога како страшна алтернатива.

Во секое интервју тој истакнувал дека САД би постапиле добро доколку на уважениот Кинг му го дадат она што го бара, во спротивно ќе се случи нешто страшно.

Но тој никогаш не кажа на што точно мисли под „нешто страшно“, што вршеше поголем притисок врз Америка да се согласи со барањата на Кинг.

На Малком не му пречеше да ја игра улогата на негативец, сè додека тоа резултира со тоа неговите луѓе повеќе да не се третираат како животни. И иако Кинг беше непоколеблив во својата посветеност на ненасилство, притисокот на Малком во целост послужи на целта.

Остварувањето на слободата на Афроамериканците

Како што напиша авторот Колин Морис: „Јас не го оспорувам местото на пасивниот отпор во борбата за слобода, ниту ги намалувам придонесите на луѓето како Ганди и Мартин Лутер Кинг. И двајцата имаат сигурно место во историјата. Само сакам да покажам дека колку и учениците на пасивниот отпор да го презираат насилството, тие се политички немоќни без него. На Афроамериканците им беа потребни и Мартин Лутер Кинг и Малком Екс“.

Но, не е дека Малком и Мартин имаа комплементарни стратегии за остварување на слободата на Афроамериканците, туку тие се осврнаа на различни реалности. Малком повеќе зборуваше за северната реалност на Афроамериканците кои беа само површно интегрирани, додека Мартин зборуваше за јужната реалност каде ни тоа не беше можно.

Како што кажа Џејмс Кон: „Кинг беше политички револуционер. Малком беше културолошки револуционер“.

Слични содржини