Мараја Кери изгледа е во врска со австралискиот милијардер Џејмс Пакер. Двојката ја демонстрираше блискоста со прошетка рака под рака низ улиците на Капри, Јужна Италија.29D50A3300000578-0-image-a-5_1434886248530

Мараја (45) упатуваше вљубени погледи на Австралиецот за време на прошетката. Според некои гласини, двајцата се оддале на “долг одмор”. Според извори на информации на интернет страницата TMZ, родениот во Сиднеј Пакер “агресивно” ја бркал Кери со месеци. Запознаени со озборувања тврдат дека Мараја се запознала со Џејмс со посредство на познатиот режисер Брет Ратнер, за кого исто така пред некое време имаше сериозни гласини дека е во жешка врска со златниот глас.

Шармантната Пакер, за која списанието “Форбс” тврди дека располага со 4,6 милијарди долари, беше во брак 6 години за моделот Ерика Баксет, со која имаат три деца. Иако се разделија пред две години, двајцата остануваат блиски, се гледаат за викенди и забави. Три години Пакер беше брачен партнер и на модната дизајнерка Џоди Мијрес пред да се разделат во 2002 година.0619-main-mariah-carery-new-boo-tmz-4-94a05

Неодамна четвртиот по богатство Австралиец имаше врска со супермоделот Миранда Кер, која во октомври 2013 година стави крај на врската со актерот Орландо Блум.

За Мараја се тврди дека богатството ѝ изнесува 225 милиони долари.

Слични содржини