Мас: Сојузниците во НАТО погрешно ја проценија ситуацијата во Авганистан

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работим Хајко Мас рече дека Германија бара начин да евакуира што е можно повеќе луѓе во опасност, додавајќи дека сојузниците во НАТО погрешно ја процениле ситуацијата кога мислеле дека силите на авганистанската влада ќе можат да се соочат со Талибанците без надворешна помош.

Министерот за финансии, Олаф Шолц, кој исто како Мас доаѓа од германската Социјалдемократска партија, рече дека целта е „да се воспостави воздушен мост за да се спасат што е можно повеќе луѓе“ и дека меѓународната заедница сега мора да застане заедно за да му помогне на соседен Авганистан.

„Големо бегалско движење ќе започне наскоро“, рече Шолц.

Слични содржини