Маскирани лица извршиле претрес во станот на Навални

од Nikola Popovski

Маскирани лица извршиле претрес во станот на уапсениот руски опозициски политичар Алексеј Навални во Москва, откако ја искршиле влезната врата, тврди еден од соработниците на Навални, Иван Жданов.

Жданов, директорот на Навални фондацијата за борба против корупцијата, изјавил дека неговиот брат Олег во тоа време бил во станот, пренесува Ројтерс.

Навални издржува затворска казна од 30 дена во Русија за наводно кршење на условна казна.

Слични содржини