Мерима Исаковиќ: Верував дека Лечиќ се покаја

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Мерима Исаковиќ во изјава за „Блиц“ вели дека зад себе го оставила сеќавањето на настанот со Бранислав Лечиќ, за кого изјави дека сексуално ја нападнал во 1978 година, но дека била нејзина должност да прозбори за тоа.

Мерима Исаковиќ истакнува дека сите овие години верувала дека актерот, за кого тврди дека ја нападнал, нема да го повтори истото.

„Јас одамна ја надминав и затворив преживеаната траума и сеќавањето дека само по Божја волја мојот инстинкт ме спаси. Простив, верувајќи во искреноста на покајувањето на Лечиќ и ветеното дадено тогаш, пред 43 години, дека тој никогаш повеќе нема да се обиде или направи такво нешто на никого, изјавила Мерима Исаковиќ за „Блиц“ и додала:

„Едно зло е предизвик и болка на една личност, но ако не биде запрено, повтореното зло станува несреќа на народот. И човечката раса. Должност на секое човечко суштество е да спречи понатамошно зло“.

Слични содржини