Меркел за грешките на ЕУ:Ги отворивме надворешните граници, не мислевме за зајакнување на внатрешните граници

од desk2

Германскиот канцелар Ангела Меркел призна дека Европската унија дозволила грешки во својата политика.
“Се разбира, не направивме се на најдобар начин, некои работи останаа недовршени, но имаме добра основа”, забележува таа за италијанскиот медиум Rai.

Меѓу грешките на европските политичари таа ја посочува миграциската и економската политика. “Ги отворивме надворешните граници, ние не мислевме за зајакнување на внатрешните граници.

А кога создадовме единствената валута, не ја направивме способна да издржи кризи. Сега сепак создаваме банкарска унија и механизми за стабилизација. Важно е дека сè треба да се прави во атмосфера на солидарност “, вели Меркел.

Таа додава дека Европа може да достигне до единствено решение за миграциските проблеми. Покрај тоа, требао да се направи така што луѓето да не ги напуштаат своите земји.

“Треба да гарантираме услови кои ќе ги натера луѓето да не бегаат, да решаваме кризи, како онаа во Сирија, и тоа да го правиме сето заедно”, вели таа.
Сојузниот канцелар е во Рим, по повод празничните настани поврзани со 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, кој го означи почетокот на Заедницата.

Слични содржини