Мицкоски од Швајцарија: Ќе ни требаат најмалку две години за да се изврши промена на сите македонски патни исправи

од Nikola Popovski

Проблемот е физички. Моменталниот капацитет на машините и на самата администрација во МВР, во идеални услови на годишно ниво е околу 500 илјади патни исправи. Во тоа не се опфатени личните карти и возачките дозволи. Имаме лимитиран простор за маневар. Ако знаеме дека во моментов околу 1,1 – 1,2 милион патни исправи не се обновени, ќе ни требаат најмалку две години за да го завршиме ова, рече за проблемите со пасошите и возачките дозволи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Швајцарија каде одржа средба со задграничните комитети и македонската дијаспора.

Мицкоски очекува од Уставниот суд да ги стави вон сила законите, се додека не се разгледа иницијативата, со која би се продолжил рокот за вадење на пасошите.

-Она кое го слушнав од луѓето овде се незадоволството како Владата на СДСМ и ДУИ се однесува кон дијаспората игнорантскиот однос, немањето механизми да се одговори на нивните барања и потреби, потоа бариерите при можните инвестиции и вложување во Македонија. Огромното ниво на корупција и криминал во рамки на државните институции, образованието исто така беше предмет на дискусија и испраќањето на лица кои вршат образовен процес во рамки на дијаспората, кажал Мицкоски на трибината со дел од македонската дијаспора во Женева.

Слични содржини