Мицкоски ветува завршување на автопатот Кичево-Охрид во втора половина на 2026

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска истакна дека еден од приоритетите на неговата партија ќе биде конечното завршување на автопатот Кичево – Охрид.

„Исто така тука се еден од приоритетите и конечно завршување на автопатот Кичево – Охрид. Рековме според нашата анализа тоа би било некаде околу 2026 година, втората половина на 2026 година. Реализација на тековните автопати Тетово – Гостивар, Прилеп – Битола. Многу други проекти поврзани со локалната инфраструктура, железничката инфраструктура, возови, вагони итн., нешто што е дел од програмата „Платформа 1198“, посочи Мицкоски од посетата на општина Охрид.

Владата донесе одлука за продолжување на рокот за изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој почна да се гради пред една деценија по договор со кинеската компанија Синехидро. Новиот рок за овој автопат од 57 километри е донесен откако се појавија нови свлечишта и беше пробиен 31.12.2023, крајниот рок за пуштање на патот според предходните анекси на договорот.

Новиот рок е до крајот на 2026-та односно додадени се уште три години. Владата не посочи дали делници од патот во рамничарскиот дел на трасата ќе бидат пуштени порано бидејќи се скоро готови и нема ризик од свлечишта по нив.

Слични содржини