Министерството за образование и наука со израелска помош ќе ја јакне сајбер безбедноста

од Radmila Tasevska

Министерството за образование и наука соопшти дека ќе добие помош од Израел за интензивирање на процесите на дигитализација и подобрување на сајбер безбедноста. За ова на денешната средба разговарале министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорката на Израел, Симона Франкел.

-Министерот Шаќири нагласи дека во услови на сѐ почести и сѐ пософистицирани сајбер закани исклучително е важно образованието да биде безбедна, отпорна и доверлива дигитална средина и затоа е многу значајна најавената помош од Израел, што ќе придонесе за заштита на училиштата, учениците и нивните податоци, информира Министерството за образование и наука.

На средбата, на која присуствувал и Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Шаќири и Франкел размениле мислења и за отворање мултимедијален центар за сеќавањето на настраданите во холокаустот.

-Министерот доби покана за посета на Израел во текот на октомври, за подетално договарање и прецизирање на помошта, за што ќе се реализираат средби со повеќе надлежни институции и водечки компании од областа на дигатилизацијата и сајбер безбедноста. За координација, планирање и реализација на активности, се очекува министерствата кои го покриваат ресорот образование во двете земји да потпишат меморандум за соработка, наведува МОН.

Слични содржини