Мицкоски бара одговори од СОНК зошто имале осцилации во делувањето

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека дава поддршка на наставниот кадар, ги споделува нивните маки за остварување на своите права и посочи дека СОНК треба да одговори зошто имаат осцилации во нивното делување.

– Од една страна имате влада која е проблем и дефинирана како хибриден режим и е криминализирана и корумпирана. Од друга страна ги имате професорите, наставниците и вработените во градинките. Јас сум универзитетски професор и тие се мои колеги во суштина. Јас го споделувам нивниот живот, бидејќи истите маки ги имаме и јас и моите колеги. Истите маки со нискиот стандард, демотивираноста, притисокот кој го чувствуваат од власта и затоа ги поддржав и ќе ги поддржам безрезервно кога искрено ги бараат своите права, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека никогаш не го нападнал водството на СОНК, туку прашува зошто имаа осцилација во ставовите пред и после состанокот во владата.

– Најпрвин велат го прекинуваме штрајкот па ќе ги слушнеме членовите, па членовите се произнесоа за продолжување на штрајкот и тие одлучија да бараат излезна стратегија во нешто што е спротивно на закон преку тој таканаречен медијатор кој доаѓа од кабинетот на министерката за труд и социјална политика, рече Мицкоски.

Слични содржини