Мицкоски:Граѓаните да не потпаѓаат на притисок и да го сочуваат сопственото достоинство

од desk4

  

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба го граѓаните на Општина Берово.

Мицкоски пред граѓаните на Берово потенцираше дека СДСМ иако во предизборието ветуваа дека ќе донесат живот за сите граѓани,  не само што не донесоа туку на сите граѓани во Република Македонија им го направија потежок животот. Ниту има домашни инвеститори,а странските исчезнаа и заминаа во соседните држави, државата од лидер во регионот сега е на последно место и нема нови инвеститори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им порача на беровчани да не веруваат во лагите на Зоран Заев и да не потпаѓаат под влијанието на вакви политичари, да не веруваат во лаги како 13-та плата и со тоа дека сите проблеми ќе се решат.

Тој потенцираше дека Заев се бори да го смени името за да си ја задржи својата фотеља.

– Кога вели дека ќе викнел некој да не камшикува. Камшик му треба него, затоа што има држави во светот каде што престапниците и криминалците со камшикување ги казнуваат, среќа он се родил во држава како Македонија па такви казни не постојат. Ниту некој го камшикувал, ниту некој ќе го камшикува македонскиот народ, ниту во минатото, ниту тоа ќе биде случај во иднината, истакна Мицкоски.

Во врска со убедувањата за договорот со Грција кој велат дека е добар тој истакна дека договорот не е ни малку добар, ниту пак е некаков компромис туку капитулација.

-Знаеме дека договорот кој што го потпиша владата на СДСМ со нашиот јужен сосед не е ни малку добар, не ни компромис туку капитулација и затоа кажавме дека не можеме капитулацијата да ја прифатиме како лидерство, не можеме поразот да го прифатиме како победа и нашиот став е единствен и непроменлив а тоа е дека за ВМРО-ДПМНЕ овој капитулантски договор е неприфатлив, вели Мицкоски, се вели во соопштението на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини