Мицкоски: Зошто да немаме 60 мнозински изборни единици и 1 ИЕ што ќе даде 60 пратеници?

од Nikola Popovski

„Ние сме принципиелно против да се менува изборниот модел неколку месеци пред избори. Зошто да немаме 60 мнозински изборни единици и 1 ИЕ што ќе даде 60 пратеници. Зошто да не зборуваме за 120 мнозински?“, прашал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Канал 5.

Според него, политичарите треба да покажат зрелост и на следните локални избори да не се трошат пари во услови на тешката економска состојба и градоначалниците да се избираат во два круга.

– Мислам дека треба да заврши изборниот циклус посебно во делот на градоначалниците во еден изборен круг и тоа е вистинска реформа која што треба да ја направиме и на тој начин ќе заштедиме милиони пари од граѓаните и истите тие милиони може да ги насочиме за таблети и лаптопи за децава да можат да следат настава онлајн, истакна Мицкоски.

Говорејќи за пописот на населението најавен за следната година, Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да ја поддржи оваа операција, доколку не биде вклучена во изработка на законот за попис.

– Нас не ни е потребна операција попис заради исполнување на какви било бројки. Нас ни е потребно операција за дефинирање на статистички параметри во државата, нагласи Мицкоски.

Слични содржини