ММФ одобри пакет помош од 15,6 милијарди долари за Украина

од Vladimir Zorba

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд денеска одобри четиригодишен пакет финансиска помош за Украина во вредност од 15,6 милијарди долари, како поддршка во одбраната од руската агресија.

Како што објави Ројтерс, заемот претставува една од најголемите транши финансиска помош за Украина досега и најголем износ на заеми дадени од меѓународната финансиска институција на земјата за време на војната.

Шефот на мисијата на ММФ во Украина, Гевин Греј, неодамна изјави дека војната во Украина, освен што зема „страшни хуманитарни жртви“, продолжува да има разорно влијание врз економијата на земјата.

Слични содржини