МНР го осуди последниот смртоносен напад во Газа

од Nikola Popovski

Министерството за надворешни работи најостро го осудува нападот во Газа, кој однесе животи на голем број невини луѓе додека чекаа за храна околу камионите за хуманитарна храна. Оттаму велат дека ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право.

-Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена, стои во пораката од МНР.

Лекар од болницата Ал Шифа во градот Газа потврди дека израелските војници пукале врз „илјадници граѓани“ кои брзале кон камиони со хуманитарна помош, а Министерството за здравство на Хамас подоцна објави дека 112 лица биле убиени, а 760 се ранети.

Посредниците Катар, САД и Египет со недели се обидуваат да постигнат договор што ќе овозможи пауза во борбите и ослободување на израелските заложници држени во Газа.

Слични содржини