МОМЧЕ (13) БЕГАЛО ОД ПОЛИЦИЈАТА СО ВОЗИЛОТО НА МАЈКА СИ: Во него имало шест момчиња и девојчиња на возраст од 13 до 16 години

од Vladimir Zorba

Во Линденфелс во јужниот дел на Хесен, 13-годишник отишол на ноќно возење со возилото на неговата мајка во кое се превезувале уште пет млади луѓе ноќта меѓу понеделникот кон вторникот.

Полицијата го забележала младиот возач во Линденфелс (Бергштрасе) околу 3.20 часот. Кога се обиделе да го спречат, 13-годишникот забрзал.

Меѓутоа, по кратко возење момчето изгубило контрола над возилото и застанало покрај шумскиот пат. Покрај малолетниот возач, во возилото имало уште пет момчиња и девојчиња на возраст од 13 до 16 години.

Малолетниците се предадени на законски старатели. Никој не е повреден.

Во потерата возилото и патролното возило претрпеле вкупна штета од околу 10.000 евра. Се уште не е јасно како 13-годишникот ги добил клучевите од возилото, пишува „Феникс магазин“.

Слични содржини