Мукаетов: „Алкалоид“ годинава ќе оствари вкупен извоз од околу 180 милиони евра

од Nikola Popovski

Традиционалните пазари од регионот се основата на нашето работење. Но, во изминативе години значително го зајакнавме нашето присуство и на многу ЕУ-пазари. Според тоа, потенцијалот за раст на компанијата, пред сѐ, го гледаме токму на овие пазари, како прв приоритет, порача генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Според него, компанијата секоја година отвора по неколку нови пазари, па во 2023 година се присутни и во Италија, на Малта, понатаму во Чиле, Австрија, Саудиска Арабија итн.

Мукаетов истакна дека оваа година отвориле нивна компанија во Букурешт, со што, како информира, прават нов квалитативен исчекор врзано за нашето присуство на романскиот пазар.

-Нашите очекувања се оваа година да оствариме вкупен извоз од околу 180 милиони евра, што би претставувало учество од близу 70% во вкупните консолидирани продажби на „Алкалоид“, стои во интервјуто на Мукаетов за „Топ 100 извозници“.

Слични содржини