Муслиу: Oвие избори ќе бидат најмирни во однос на етничките прашања

од Nikola Popovski

Фоклорот на изборната кампања и изборите ќе биде многу повоздржан, во однос на етничките прашања, затоа што за првпат во двата блока имаме меѓуетничка соработка, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во емисијата „24 анализа“.

Тој се надева дека ова ќе ти натера политичките партии да бидат повнимателни во однос на тензичните прашања.

-Овие избори ќе бидат најмирни, смета Муслиу.

Според него, со самиот факт на големиот број на независни кандидати и советнички листи е добар од самиот аспект на демократски развој на општеството.

-Локалните избори се најпрактични како на промовирање на нови луѓе, така и на нови политички идеи, затоа што се најблиску до граѓаните, посочува Муслиу.

Слични содржини