МВР: Казнети 627 возачи, најмногу во Штип и Охрид

од Nikola Popovski

Санкционирани се 627 возачи во текот на вчерашниот ден, поради движење со поголема брзина од предвидената, соопшти МВР.

„Од нив, 135 возила се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР –Штип-89, потоа на територија на СВР Охрид-85, на територија на СВР Тетово -74“, велат од полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира на прилагодување на брзината на возење и почитување не само на ограничувањата, туку и на останатите правила и прописи.

Слични содржини